Пропаднаа заложбите на МПЦ за голема прослава на јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија. Православниот свет не одговори на поканите на расколниците, знаејќи дека Охридската Архиепископија никогаш не била расколничка Црква како што е тоа денес МПЦ, која сака да се прикаже за нејзина наследничка.
Остана како и секогаш, МПЦ да си ги прослави празниците во полупразни храмови и со оние кои ја создадоа – политичарите.

Што ли ќе им кажат сега дедото Стефан, Наум или Партениј на своите верници кои прашуваат зошто никој од православието не дошол на така значаен јубилеј? Бидејќи, нели се навистина „црква“, која е уште и „автокефалана“?

Сепак, одговорот на нашите дилеми го дава расколничкиот епископ Пимен, преку изнесување лаги и клевети, дека МПЦ „догматски и канонски ги исполнува сите услови“, а нејзиниот раскол е последица на „националистички политики на соседните земји“.

Со ова Пимен најгрубо лаже, затоа што единството и соборноста на Црквата се догми, а МПЦ не е во единство со Соборната Црква. Со тоа МПЦ ја прекршува догмата за единството на Црквата напишана во Символот на верата и затоа е падната во еклисиолошката ерес на расколот! Па, ако МПЦ не е во догматско единство, не е ниту во канонско, а не е ниту во литургиско единство!
И зар не е иронија, човек кој самиот е во „националистички раскол“ каков што е оној на МПЦ, да клевети други за национализам?
Линк: