Патријархот Иринеј, во божиќното интервју го окарактеризира потегот на МПЦ да си ја побара Бугарската црква за мајка, како потег штетен пред сè за самата МПЦ, бидејќи со таквото однесување очигледно МПЦ дополнително си го закочи решавањето на проблемот на расколот во кој пребива.Патријархот Иринеј додава дека сака да се реши проблемот на МПЦ и доколку биле прифатени предлозите на СПЦ, кои се согласни на црковните канони, проблемот на МПЦ веќе би бил решен.

Веројатно непознавањето на црковниот поредок прави МПЦ да талка низ лавиринтот на расколот, без да го најде единствениот излез кој би ја одвел во единство со Црквата. Барањето на МПЦ за Бугарската црква да им биде мајка, според Патријархот Иринеј е само доказ за незрелоста на МПЦ.