Расколничкиот свештеник Стефан Санџакоски, кој е угледен професор на расколничкиот теолошки факултет и ценет во расколничките кругови, оваа година, на 20. 09, во својата беседа пред народот во манастирот во Калишта, алудирајќи на расколничкиот архиепископ и синод, но и на политичарите, истакнал дека секој што од МПЦ сака да направи политичка партија не само што се убива себе си, туку ги убива и сите околу него.

Но расколот на МПЦ е таков, идентично како во политичките партии, штом на некого му заврши употребната вредност – го фрла во ѓубре. По сѐ изгледа, дошло време надлежниот расколнички епископ да го фрли и Санџакоски во корпа за отпадоци.

Расколничкиот свештеник Стефан Санџакоски во својата беседа јасно и гласно вели дека МПЦ се помалку личи на црква, а сѐ повеќе на удбашка инсталација, додавајќи дека таа вистина за МПЦ ја знае од неговото раѓање.

Останува непознато што го приморало расколничкиот свештеник Стефан Санџакоски, штом од раѓање знаел дека МПЦ е удбашка творба, во една таква удбашка творба мазохистички да го помине целиот свој работен век. И згора на тоа зошто заведува многу луѓе да ѝ припаѓаат на таква удбашка творба.

Но едно е сигурно. После овој исказ на расколничкиот свештеник Стефан Санџакоски, секој од верниците на расколничката МПЦ веќе треба со сигурност да знае дека зад расколничките владици и голем број свештеници, всушност стојат луѓе агенти, со несомнена удбашка идеолошка матрица.

Верниците на МПЦ треба тоа да го знаат и да си внимаваат на себе си.