Дали просечниот расколник (како посочениот пример) ја знае разликата помеѓу вистинскиот, автокефален Томос и “томос”-от кој расколничката МПЦ сака да го добие од Истанбул, а може само да сонува дека ќе го добие.

Јавноста и новинарите треба да поставуваат прашање:

Дали МПЦ ќе може да врши канонизација на светител без патријаршијата од Истанбул?

Дали знаат дека секој епископ ќе може да се жали на одлуките на МПЦ во Цариград?

Дали во расколничката МПЦ се свесни дека поголемиот дел од Православието нема ни да им го признае “томос”-от, кој МПЦ може само да си фантазира дека ќе го добие.

Просечниот расколник, какви што се расколничките епископи на МПЦ и поголем дел од нивните верници, не ги ни интересира што се расколничката МПЦ ќе изгуби, тие само сакаат да ги чешаат по уши дека добиле “томос”.

Евентуално, ќе има како во Украина, медиумска еуфорија, славење дека се признати, шетање на “томос”-от како златно теле низ државата за да му се поклонат.

Можда поуживаа просечните расколници низ овие реченици, но тој сон нема да го сонуваат.