Вчера во Цариград се одржа средба на претставници на канонската Украинска Православна Црква со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Притоа патријархот истакнал дека за расколите во Украина и Р. Македонија ќе предлага решенија исклучиво во согласност со каноните, според својата позиција и одговорност како прв меѓу еднаквите во Соборното Православие.

На средбата била постигната согласност дека расколите не можат да бидат легализирани и дека на расколничките цркви (во Украина и Македонија) не им треба признавање, туку лекување.

Во украинската јавност веќе почнаа да се мајтапат со нивните расколници и политичари кои до скоро уверуваа дека со свои очи го виделе томосот за автокефалност што наводно Цариград најдоцна до средината на Јули ќе им го доделел на украинските расколници. На подбив ги нарекуваат “Секта на очевидците на Томосот”.

Со слични привиденија и нашиве “Очевидци на автокефалноста” од МПЦ, повторно ја шашардисуваат домашната црковна јавност.

Цариград изразува грижа за нивната состојба и им подава рака, а ним им се присторуваат легализирања на пучистички и самопрогласени автокефалии кои нормално никој не им ги признава.

Како закоравени следбеници на идејата за расколнички самопрогласена автокефална црква, навиваат и се надеваат да се сруши целиот канонски поредок на единството и соборноста во Црквата, за ним да им се удоволи.

Но попусто мечтаат расколниците од МПЦ да се сруши и испусти црквата за тие да се вселат во нејзините рушевини. Тој филм нема да го гледаат.

Повеќе: