“МПЦ сега високо се вивна во политиката на нацијата со барањето за „посвојување“ до БПЦ, а владиката Наум е веројатно највлијателниот, не само духовен, туку политички советник на премиерот Заев. (Што, инаку, е комплексна „распутиновска“ тема која заслужува многу посериозно да се истражи.)”

Тој уште ќе констатира:
„Во Македонија, евидентно, никому не му пречи сквернавењето на Уставот, кога е секуларниот карактер на државата во прашање. Да потсетам, според членот 19, став 3, од Уставот, сите верски заедници „се одвоени од државата и се еднакви пред законот“. Во практика, не се. Ама кога е верата во прашање, тоа никому како да не му пречи.“