Религискиот жолт печат во Република Македонија “Религија.мк” објавил на англиски јазик писмо кое СПЦ го испратила до БПЦ со кое на фин начин им кажува дека иницијативата на БПЦ да биде мајка на расколничката МПЦ практично е иницијатива на богословски неписмени луѓе, какви што се и оние кои од страна на МПЦ го испратиле бесмисленото барање до БПЦ.

Нашите информации кажуваат дека слични такви писма пред околу три месеци до БПЦ испратиле и сите останати православни цркви после што се покажа и фијаското на МПЦ во односот со БПЦ.

И сега какви дилетанти се БПЦ покажува и фактот дека кога, ниту СПЦ ниту останатите цркви под никакви услови не изнесуваат во јавност ниту небитни информации а камоли официјална кореспонденција, токму дилетантските кругови на БПЦ им ги даваат писмата на расколниците од МПЦ за да можат малку теолошки да се образуваат, а овие како докажани црковни воајери, после толку време надвор од контекст ги делат по религиски жолт печат.

Ништо не постигнува религискиот жолт печат освен трагикомичност пуштена на најјако.

Image may contain: sky and outdoor