Поштенскава марка сведочи дека македонскиот, словенски јазик не е од вчера, туку стар е веќе околу седумдесетина години. Значи, ако на почетокот, после Втората светска војна биле разбирливи, дури и симпатични проблемите со новосоздадениот правопис, тоа денес не би требало да е случај, особено не на номинално високо, академско ниво.

Но, ете, денес среќаваме и неписмени “доктори” како Александар Спасеновски, кој пишува дека треба да си спомнеме за современици неправедно затворени во затворите низ Македонија! Дали Спасеновски, мисли за неправедно затворениот Јане Ченто, кој му удри клоца на пратеникот Зоран Заев? И на кое нивно дело ќе си споменува овој неписмен “доктор”? На тоа дека насилно влегоа во Собранието и им удираа клоци на пратеници?

Каде беше “докторот” и христијанинот (додуша, расколник), Спасеновски, да дигне глас од човештина, кога Архиепископот Јован беше неправедно затворен? Затворање Епископ, немало ни во турско, а режимот на неговиот Груевски затвораше Архиепископ, судеше Епископи, тепаше свештеници и монахињи на ПОА, рушеше храмови на ПОА… додека Спасеновски молчеше! И, згора на сè, тој тоталитаристички ќе кажува кој има право да постои во нашава татковина, а кој не!

Секако ќе излеземе и ние на судот Божји (во Евангелието пишува: во затвор бев и не ме посетивте, нека погледне: Мт. 25. 31-46), на кој, ако ништо друго, нема да ни се суди дека сме гонеле, тепале и затворале христијани; но, ако е христијанин претпоставуваме Спасеновски знае дека и тој ќе излезе на судот Божји, кој очигледно не е ист со партискиот вморонски суд!