Какви ли сè шушумиги се станати “доктори” во Северна Македонија., тоа е чудо невидено. “Доктор” Александар Спасеновски, кој е познат по ширење верска омраза и непочитување на верските слободи подеднакво за сите граѓани, напишал честитка за Илинден.

Желбата да честита е во ред, но зачудува како им даваат докторски титули на неписмени луѓе, кои, ако сакаат да покажат почит кон Илинден, ќе покажат почит и кон современиот македонски јазик, па од елементарна култура ќе научат дека “сеуште”, правилно се пишува: сè уште! Но, тоа е виша математика за овој неписмен “доктор” Александар Спасеновски!

И, после, токму ваквите неписмени “доктори” расколници, ќе ги викаат по телевизии да шират расколнички тоталитаризам.

Колку повеќе го прават тоа, нека си знаат дека толку повеќе ќе тонат во секој поглед.