После постапката на самоволното спомнување на украинскиот расколник Епифаниј Думенко од страна на кипарскиот архиепископ, еден од владиците на кипарската црква, митрополитот на Тамасос Исаија изјави дека кипарската црква живее во тежок раздор, предизвикан од постапката на кипарскиот архиепископ Хризостом.

Митрополитот Исаија ја окарактеризира постапката на архиепископот Хризостом како „лукаво, катастрофално и разорно дело“.

Митрополитот Исаија истакна дека постапката е лукава затоа што архиепископот Хризостом знае дека повеќе нема да учествувам во синод на кипарската црква, кој би ја легитимирал постапката на архиепископот.

Митрополитот Исаија истакна дека тој, заедно со уште неколку владици, ќе можат да учествуват во синодот, само доколку архиепископот претходно ја повлече одлуката за спомнување на расколникот Думенко.

Катастрофална е постапката на Хризостом, бидејќи предизвикува раздор, затоа што со таквата постапка тој го поништува древното синодско функционирање на црквата, рече митрополитот Исаија. Синодот не може да се состане под режим на уцена, на веќе извршен и наметнат црковно-незаконски чин.
И сомнителна е постапката на архиепископот бидејќи со неа е уништена позицијата на неутралност на кипарската црква, која самиот архиепископ ја заговараше за да можат да помогнат во решавањето на проблемите на сеправославно ниво.
Митрополитот Исаија додаде дека не сакаат да бидат вмешани во геополитички интереси, бидејќи него го интересира само Евангелието и неговата вистина.
Претходно, и митрополитот на Кикос Никифор му упати порака на кипарскиот архиепископ Хризостом дека ако служи со украинскиот расколник Епифаниј Думенко и самиот тој ќе биде расколник.
Очигледна е расколничката свест на Епифаниј Думенко, кој ако би имал грам соборна православна свест, никогаш не би дозволил заради него да се прават вакви раздори во црквата, но украинскиот расколник Епифаниј сега се сити и станува јасно дека расколниците уживаат, не во решавањето, туку во правењето раздори.

Линк: