Архимандритот Анастасијадис уште на самиот почеток од своето четиво ни се претставува во манир на старлета, толку сеприсутниот спој на површност и дрскост, без покритие. Си дава вовед со тоа што бласфемично ја сместува денешната Црква (на која и самиот припаѓа) во една отечка изрека, којашто, бездруго, не е изречена за да претскаже дека денес во Црквата само Патријархот Вартоломеј ќе остане нормален, а сите други ќе полудат, како што бесрамно на авва Антониј му припишува овој надобуден монах од кариера.

Потоа продолжува со лични навреди кон Архиепископот Охридски, какви нема да чуете ни на кванташки пазар.
“Кај си учел (бе) ти еклисиологија? Знаеш ли (бе) ти површно историја?”, за на крај да го тресне најподлиот удар, оној во кој ја збрал сета своја необјаснива омраза, нарекувајќи го отпадништво (sic) излегувањето на Архиепископот Јован од раскол и пристапувањето во единството на Црквата.

Толку се занел во додворувањето на претпоставеното властољубие на Патијархот Вартоломеј, што почнал да се поистоветува со климоглавите автокефалисти од расколот на МПЦ, а и станал поголем македонист од ултра македонистите во Северна Македонија, само затоа што овие беспоговорно му повладуваат на таквата негова умисла. А оние како Архиепископот Јован, со кои сѐ уште и самиот е во евхаристиско единство, и кои немалку пострадале за соборноста на Црквата, му станале “отпадници”.

Инаку, во теолошка смисла ова конте не покажува ни трошка талент. И не само што нема капацитет да каже нешто од себе, туку и оние еклисиолошки ставови што се обидува да ги репродуцира, ги употребува како аргументи онаму каде што не стојат, без вистински да ги разбира.

Оттаму, под секое ниво е со ваков духовен мрсулко да се влегува во некаква посериозна теолошка расправа, на штета на сопственото смирение.

Линк: