Народот вели: лага баба долага. Така Наум го лажеше цел Синод на МПЦ, дека Црквата во Бугарија само што не ја признала автокефалијата на МПЦ, за потоа со години истото да го прави со лагата дека Вселенската Патријаршија ќе се замери со сите други православни Цркви, па дури и со грчката и ќе ѝ додели на МПЦ автокефален статус.

Во своите сулуди идеи, а само да ја извлече својата кожа од епитетот на чудак, ги вовлече претседателот и премиерот на државава.

Не е вината на Наума што ги убеди да ја покажат својата неинформираност, како претседателот, така и премиерот на државава, па пишуваа глупави писма до Вселенскиот Патријарх, туку што со тие писма ги усрамија и понижија како верниците, така и атеистите и агностиците во нашава држава.

Но, по конечното фјаско на Наума, најмногу треба треба да се срамат членовите на Синодот на МПЦ, што еден Наум успеваше да ги држи во заблуда и неинформираност со години.

Да беа само денови на нивната глупост и неинформираност па ќе беше премногу по угледот на тие „просветлени” старци, но на Наума му успеваше да ги лаже со години.
Конечно, Вселенскта Патријаршија во своето последно соопштение им рече на синодалците: „Не бидете глупави и не му верувајте веќе на Наума преподобниот. Тој со години ве мота, но тешете се што не само вас ве лаже, туку што успева да го излаже целиот државен врв”.