Прашањето кое за Илинден јавно го постави расколничкиот “архибандит” Царкњас (има ли за што да се живее после промената на името на државата?) несакајќи ја исфрла на површина идентитетската агонија и егзистенцијалната криза низ која поминуваат во МПЦ.

Неговиот театрален крик отвора нови дилеми за иднината на расколот, а првенствено го поставува прашањето: дали една северномакедонска црква (каква што неминовно ќе мора да стане МПЦ), па била таа и хипер-автокефална, може да претставува доволен идентитетски предизвик за да ги задржи во себе нивните, тешко болни од етнофилетизам клир и народ?