МПЦ никаде ги нема. Дали Заев е орган на “автокефалноста” и дали има генерално полномошно да ја застапува расколничката МПЦ?

Во последно време честопати јавноста е бомбардирана со случувањата во и околу расколничката МПЦ.

Патронажата на БПЦ врз МПЦ, 100.000 евра кои Заев ги нудеше како поткуп за нивната автокефалија… и да не набројуваме понатаму.

Но, тоа што зачудува е следново:

се прашува ли некој во оваа држава зошто МПЦ е тотално”умртвена”?!

Зошто во последно време само Заев зборува, ја претставува и настапува во име на расколничката МПЦ?!

Дали расколничката МПЦ го има ополномоштено својот архиепископ Зоран Заев, таа како политичка творба да молчи, а Заев да ја застапува МПЦ пред сите: пред јавноста, пред другите цркви и пред меѓународната политика и за сè?!