Вселенскиот патријарх Вартоломеј: “Делата на сестринската Бугарска црква се погрешни”

При вчерашната посета во Фанар на група студенти и професори од Богословијата “Св. Климент Охридски ” во Скопје, предмет на дискусија била ситуацијата со Македонската православна црква и поконкретно, чекорите преземени од Бугарската патријаршија за надминување на расколот на оваа црква. Прес центарот на Вселенската Патријаршија ги цитираше зборовите на патријархот Вартоломеј упатени до присутните:

“Сакам да го поставам ова прашање, бидејќи сакам да бидам апсолутно искрен со вас. Дејствието на сестринската Бугарска црква е погрешно. Тоа не помага. Тоа ги комплицира работите. Она за што се дискутира (Македонската црква да ја признае БПЦ за црква-мајка), прави вештачки создадено мајчинство. БПЦ не може да ве воведе во каноничност и канонски односи со другите цркви. Меѓу православните мора да има одговорност, чесност и искреност.“

Повеќе: