Згрешија оние аналитичари кои прогнозираа дека на црковно-народниот собор, МПЦ со уставни измени ќе си го смени името во Охридска Архиепископија, и ќе се откаже од придавката “Македонска”, односно нема веќе да е оригинал “Кока Кола”, туку само верна копија на “Пепси”.

Не само што не се случи тоа, туку МПЦ си додаде уште една титула, се прогласи за наследничка на Јустинијана Прима, и стана “3 во 1”, оригинал Кока Кола, верна копија на Пепси, а од овој викенд и официјално се идентификуваше со (о)пијалокот на нашата генерација – Кокта.

Притоа, откако пропадна референдумот, МПЦ им се врати и на своите изворни политички определби за неменување на името на државата и зачувување на нациналниот идентитет што врз истото се заснова.

Целата оваа фарса со помпезното добрендирање и китење на МПЦ, расфрлањето со излитени националистички декларации и пароли, само покажува дека самите владици веќе се имаат откажано од МПЦ, и воопшто не се ни обидуваат да ја реформираат за излегување од раскол, туку, напротив, ја шминкаат за скорешно погребување и повлекување од употреба.

Да не беа целосно извисиле со писмото до Цариград и со фанариотизмот, исто како претходно кога беа бугарски егзархисти, сега беспоговорно ќе ги спроведуваа директивите на Патријархот Вартоломеј, кој недвосмислено им порача дека “ни под разно” нема да бидат признаени како “македонска” дури ни за по дома.

Поверојатно некој им има дадено насоки дека “нема шанси” до автокефалија да стасаат со таа комуњарска крнтија, и затоа не се ни обидуваат на МПЦ да и’ прават реални уставни промени и реформи, туку само козметички и маркетиншки, за да можат на избезумениот им народ да продолжат да му ја “шиткаат” истата шеќерна водичка, како Кокта, Пепси и Кока Кола.

Повеќе: