Во интервју за Спутник, митрополитот најпрвин констатира дека мотивите на расколниците секогаш се политички, за потоа да повика на солидарност и единство помеѓу помесните цркви во решавањето на расколите, притоа осудувајќи го однесувањето кога одредена помесна црква ги поддржува расколниците во друга црква, што може да доведе до нови расколи.

На крај, тој го потврдува ставот на Руската црква дека проблемот на непризнатата МПЦ може да се решава само во дијалог со СПЦ!