Еден од водечките луѓе на Руската православна црква и најблизок соработник на рускиот патријарх, за „Ромфеа“ ја истакна водечката улога на СПЦ за решавање на расколот на МПЦ:

– Како ја гледате интервенцијата на Црквата на Бугарија со таканаречената схизматичка “Македонска Црква” и кој е ставот на Москва за ова прашање?

Руската Православна Црква нагласено се притеснува за движењето на Православието на територијата на древниот Охрид, од која потекнуваат мисионерите, кои во 10 век ги направија нашите претци заедничари на светата Православна вера и на ризницата на словенските букви и култура.

Оттука, многу е важно Православните Христијани жители на ова место денес, и наследници на големите водачи од минатото да се вратат во заедница со севкупното Православие.

Запознаени сме со интересот кој го покажува Бугарската Православна Црква за “Македонскиот” црковен проблем.

Истовремено, убедени сме дека уредувањето на “Македонското” црковно прашање должно е да се збиднува внатре во канонските рамки, нешто што е незамисливо без да се земе во обзир, при овој процес, и водечката улога на Српската Православна Црква, од која пред педесетина години се отцепи “Македонската Црква”.