“Ако се водиме од тезата дека секоја независна држава треба да има и своја автокефална црква, тогаш Александријската црква треба да се раздели на педесет и повеќе делови, бидејќи ја опфаќа цела Африка, во која има 50 држави,
а и Антиохијската црква исто треба да се раздели на делови, како и Јерусалимската. Таквите планови и идеи им одат во прилог само на непријателите на Црквата”.

“Историјата не познава случај еден раскол да биде легитимиран и една расколничка црква да биде признаена, без претходно покајание”, односно без претходно безусловно враќање во единство.

„Создавање автокефална Црква е процес кој не може да биде инициран од секуларната моќ, бидејќи, како што е познато, Црквата во современите општества е одвоена од државата, и државата не би требало да манипулира со Црквата, вклучувајќи за изборни кампањи или за било која друга политичка цел.“

Тој уште еднаш истакна дека ниту Цариградската Патриаршија, ниту Бугарската Патријаршија, не можат еднострано да прогласат автокефалија на Украинската или Македонската црква и дека без оглед на медиумската врева, решавањето на нивниот статус е можно единствено по канонски пат.”

Извор: