Во интервју за “Зов њуз”, Митрополитот Антониј (БПЦ), остро го осуди дејствувањето на Врабевски и неговата фондација “Бугарска памет”, како насилство врз Црквата.

Се поставува прашањето, со какви и колкави спонзорства овој матен тип ги врбувал расколничкиот митрополит Наум и расколничкиот игумен Партениј од МПЦ, да го промовираат токму него за главен застапник на МПЦ во авантурата со БПЦ? И каков ќар самиот Врабевски очекувал да извлече од тоа?

Исто така, нашите служби би требале да се позанимаваат и со споменативе духовници кои користат обилни средства од Врабевски, но и со самиот него, зошто под нивна заштита ширеше анти-македонска пропаганда дека Република Македонија е диецеза на БПЦ, а Македонците се Бугари.