Во своето обраќање на денешниот празник на торжество на Православието во однос на ересите и расколите, митрополитот на Зимбабве Серафим, од Александриската и на цела Африка Патријаршија се осврнува на антиканонското мешање на Бугарската црква во канонската јурисдикција на автономната Православна Охридска Архиепископија и вели:

“Празникот на Неделата на Православието нè потсетува дека дури кога и Православните заедничарат со расколниците во отсуство на Црквата на која припаѓаат, тогаш и самите стануваат расколници, се наоѓаат со нив надвор од Црквата, како што денес постои видлива опасност, за жал, тоа да се случи со Бугарската Патријаршија која ги прегрнува расколниците од Скопје”.