Финансиерот на екскурзијата “МПЦ да побара мајка во БПЦ”, во интервју за БНТ потврдува дека целта е света – Македонците да сфатат дека се Бугари и отворено зборува за еден народ од двете страни на границата. Значи, целта не е решавање на црковниот проблем, туку бугаризирање на Македонците.

Оттаму, видно фрустриран што иницијативата беше остро осудена од целото Соборно Православие, а за да не пропадне во целост неговата инвестиција, тој апелира до патријархот Неофит, барем да ги “прошверцува” свештениците од МПЦ да се причестуваат во Бугарија.

Како поминува времето, станува јасно дека Бугарите во Македонија немаат и не можат да имаат црковни овластувања, туку ги гледаат само своите национални интереси.