Колку и да се маскираат во православни епископи и свештеници, духовниците од расколничката МПЦ, се чини, не можат да го сокријат вистинското лице. Рентањето за дебела материјална надокнада на храмовите за одржување на световни концерти стана пракса не само во Охрид, туку и во другите градови.

За да прозвучат поуверливо лагите, низ фонот на древноста на храмовата акустика, расколниците од МПЦ, црквата ја сфаќаат како акустична направа за опивање со идентитетските ламентации од типот на етно-музиката на некои звучни музички имиња.

Наместо храмовите да служат за принесување на бескрвната спасителна жртва Христова и причестување на верниот народ со Неа, храмовите што ги има узурпирано МПЦ ги претвара во концертни сали.

Наместо Евангелската реч од олтарното место во храмот се сервира световна музика, што ја конзумираат млади луѓе кои, веројатно поголемиот дел од нив, првпат влегуваат во христијански храм, па не е ни чудно што доаѓаат облечени како за на плажа.

Линк: