Семоќната Македонија! Божеството Македонија! До кога со таквата страст, буквално се да подведуваме и книжиме под поимот Македонија? Зарем некој сè уште го доживува спомнувањето на оваа именка како сензација, сама по себе? Ќе сфатиме ли веќе еднаш дека тоа е последната инстанца со која треба да се идентификуваме? Зарем не е покоректно и повистинито да се каже, (ете, ако баш и не сакаме да ја изоставиме) “во Македонија, во тој и тој манастир, се чува…”!?

Од друга страна, во Македонија се чува дел од Светиот Крст на кој беше распнат нашиот Господ; значи, се цени Крстот на кој беше приковано Неговото свето Тело, но не се цени живеењето во Неговата Соборна Црква, како Негово мистично Тело.