Некој си Марија Григорова ни порачува дека имало раскол помеѓу Москва и Истанбул, дека ние сме одбрале руска страна, и уште ни се заканува дека да не била кризава ќе сме виделе ние убаво како Истанбул ќе ѝ дадел автофекалија на расколничката МПЦ.

Со длабоко жалење дека е така, но очигледно Марија Григорова е демонизирана личност, бидејќи само таквата личност може да искажува злорадост на братските расправии кои факт е дека постојат во православието. Православните страдаат и сочувствуваат и бараат решение за домашната расправија, а расколници се ситат и трљаат раце.

Григорова лаже и дека сме одбрале руска страна, а епископот на нашата црква Иринеј бачки убаво и недвосмислено изјави дека ние не сме ни за Москва ни за Истанбул, туку сме за Едната Света Соборна и Апостолска Црква. Но тоа за Марија Григорова е виша математика, која никогаш нема да може да ја разбере баш заради расколничкиот менталитет.

И наместо да сака и да прави сѐ за сеправославно признавање, МПЦ ќе чекала автофекалија по теркот на Думенко. Вартоломеј и Думенко за повеќе од една година не добија признание од 11 помесни цркви, од вкупно 14. Значи само две и самиот Вартоломеј се тие кои ја признаваат украинската автофекалија. Засега личат ко Косово, само бројат колкумина ќе ги признаат, но во црквата или сите те признаваат или никој вистински не те признава.!

Така расколничката МПЦ наместо да исцелува, со својот расколнички менталитет уште повеќе е аздисана дополнително да расцепува.

Ако сака Истанбулскиот епископ да им даде таква фалична автофекалија, нека повели, така побрзо ќе видат кај ќе му биде крајот на тој политички проект и колку уште повеќе ќе ги исфрустрира.

Но зар не е шизофрено тоа што МПЦ вика дека има автофекалија, а истовремено бара автофекалија од Истанбул.

Како и да сврти човек, гледа дека Марија Григорова не е еден, туку станува збор за легион кој прави неговите припадници и следбеници според зборовите на светиот Златоуст, да бидат само уште едно суво дрво за во пеколот.