Со сета искрена почит кон Ромите, само заради илустрација би навеле дека порано постоеше една грда изрека: „лажеш како Циган“! Сосема праведно, таа изрека отиде во заборав, но денес на виделина повторно ја оприсутнува порталот за ширење лаги и смут од областа на религијата, значи порталот „Религија.мк“.

Овој портал објавил текст на некој анонимус од Крит, едикојси поп, архимандрит Романос Анастасијадис, текст во кој архимандритот Романос на својот, приватен и тотално маргинален блог (на платформата блогспот), искажува ставови во кои не се согласува со ставовите на Архиепископот охридски Јован, кои, пак, ги објавија најугледните медиуми за информации за Црквата во светот („Религија.мк“, нормално, не ги објави).

Следствено, „Религија.мк“ лаже дека Вселенската Патријаршија му одговорила на Архиепископот Јован, бидејќи на написот на попот од Крит никаде не стои официјално лого или потпис на овластено лице од Вселенската Патријаршија, туку потписот и логото на приватен блог на попот од Крит.

„Религија.мк“ во своите лаги и ширење верска омраза дури и ја извртува титулата на Архиепископот охридски Јован што е уште еден доказ за подлата лага на овој ѕ-верски портал (по кој, нормално, веднаш се поведоа и расколничките лaже-монаси, кои се на истото под-ниво). Без разлика дали некои ја признаваат англиската кралица или не, од општа култура, дури и кога зборуваат против неа, се обраќаат со нејзината титула, за да се знае за кого станува збор. „Религија.мк“ нема дури ниту општа култура, туку од завист ја менува титулата на Архиепископот охридски Јован иако целиот православен свет го ословува и признава како Архиепископ охридски и Митрополит скопски! Читателите, барем оние кои држат до елементарната култура при дискусиите, сега сами нека проценат за каков жолт печат за ширење магла станува збор, кога се мисли на „Религија.мк“ и подобните расколници, кои и на трепки да дубат со оваа завист и злоба во себе, ќе си останат ништо друго освен – гетоизирани расколници (ионака ги читаат буквално само „за по куќу“; така што ќе прелажат неколкумина, но не и писмените, кои читаат различни и угледни извори).

И за крај, архимандритот Романос неодамна пишуваше и против Митрополитот црногорски Амфилохиј, но и против Архиепископот Атински и на Грција Јеронимос. Што ви говори тоа? Ништо друго освен што споменатиот поп преку напади на различни Владици од други црковни јурисдикции сака да се додвори на Вселенската патријаршија со цел да се изгребе за епископски чин. Тоа и буквално ништо друго! Се тресеше гората, се родил глушец.

После сѐ, на сцена повторно стапува изреката: Лажеш како Ранду, поточно лажеш како Религија.мк.