Адвокатите на (украинската) организација „Владеење на правото” поднесоа тужба против украинскиот претседател Порошенко, обвинувајќи го за злоупотреба на власта. Тој, според нивното мислење, немал право да се обраќа до Цариградскиот патријарх со барање за автокефалија, бидејќи тоа претставува „директно мешање во црковните работи” и кршење на Уставот, во кој децидно се вели: „Црквата и верските организации во Украина се одвоени од државата”. Порошенко настапил не како поединец, туку од позиција на власт – претседател, а тоа е повреда на Уставот од страна на претседателот, и во одделна постапка за „злоупотреба на службената положба и овластување“ му се заканува казна затвор од две до пет години.

Изненадувачки, Киевскиот окружен суд ја прифати тужбата и веќе го закажа првото рочише по ова прашање за 13 Ноември. Фактот дека Порошенко пркосно влегол во црковни работи ќе се разгледува за прв пат на суд.

Во јули, Националното биро за борба против корупцијата на Украина доби жалба од поранешниот заменик-шеф на јавниот обвинител, да провери дали Порошенко лично му дал на Патријархот Вартоломеј поткуп од 25 милиони долари. Тој, наводно, ги собрал овие пари од украинските бизнисмени и присвоил 15 милиони евра.

Познато е дека и кај нас премиерот Заев испрати писмо до Вселенската Патријаршија со кое бара решавање на статусот на МПЦ. Дали со тоа го прекрши членот 19 од Уставот на Р. Македонија грубо вмешувајќи се во црковната сфера?

Веројатно тоа ќе биде допрва предмет на интерес на Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia или, пак, на соодветните државни судски институции кај нас, кога ќе се европеизираат и ќе се ослободат од политичкиот притисок.

Повеќе: