Четворица истакнати митрополити на Кипрарската Црква го обвинија нивниот архиепископот Хризостом за папизам и за грубо нарушување на соборноста со самоволното спомнување на расколникот Епифаниј Думенко, за време на богослужбата.

Тие писмено побараа итно повлекување на неговиот индивудуалистички став во однос на расколничката ПЦУ, како неканонски и неважечки.
Во писмото на четворицата архијереи, меѓу кои и сеправославно познатиот митрополит Атанасиј Лимасолски, жестоко се осудува и патријархот Вартоломеј за “признавањето” на расколниците во Украина, што, според нив, претставува бесправен, антиканонски упад во канонската јурисдикција на Московската Патријаршија и антицрковен чин, кој сериозно го загрозува сеправославното единство.

Тие додаваат дека, доколку Вартоломеј искрено сакаше да додели автокефалија во Украина, тоа мораше да го стори на барање на канонската УПЦ на чело со митрополитот Онуфриј Киевски, и со претходна согласност на Московската Патријаршија, но и на сите помесни цркви.
Сега, кога е сѐ поочигледно дека самоволието на Вартоломеј во врска со доделувањето томос на расколниците во Украина не поминува глатко дури ниту во гркојазичните помесни цркви (една од кои е и Кипарската црква), и кога е сѐ поизвесно дека неговите неканонски постапки кога тогаш ќе бидат оценувани на Голем Сеправославен Собор, искрените верници од расколничката МПЦ треба да си го постават прашањето: дали сакаат некогаш вистински да излезат од раскол или, следејќи ги забеганите Стефан, Партение и Наум, да влезат во уште поголем раскол и да станат соучесници во еклисиолошката ерес што се исповеда со барањето за признавање испратено до Вартоломеј, со кое му се признава право на апелација, кое тој реално го нема, бидејќи не може и не смее да се меша и пресудува во внатрешните работи на другите автокефални цркви, како да е источен папа и судија на вселената со универзална јурисдикција, наместо Христос?

Линк: