Државата направи компромис со името и ќе го менува уставот за да биде во единство со НАТО и ЕУ.
Човек да се праша ако тоа е возможно за државата зошто да не е возможно и за расколничката МПЦ да направи компромис и од безизлезот, прво да оствари единство со сите цркви преку автономија па да си тера понатаму.
Изгледа еден ден ќе мора да го направи тоа ако сака да не биде расколничка организација.
За почеток и МПЦ ќе треба да го смени нејзиниот устав, зашто после промената на уставот на државата, со антиквизаторските будалаштини кои ги пишува во преамбулата на уставот на расколничката МПЦ тешко дека таа ќе го помириса православието и неговата вистинољубивост.