Најголемиот националшовинист во синодот на МПЦ, расколникот Агатангел уцвика пред притисокот на власта и индиректно најавува дека бришењето на придавката “македонска” во евентуалниот томос што би го добиле од Истанбул, нема да му биде проблем храбро да го премолчи.

Слично како што и во неговото денешно обраќање Агата не гукнува ниту збор за тоа дека МПЦ се согласила веќе да не биде македонска.

Расколникот Агатангел пред неколку години за ДУП-от на Грујо предводеше насилни протести во општина Центар, заради што некои наивни заглавија и во затвор, а денес, за промената на името на МПЦ, овој лицемер се прави на Тошо, исто како и сите патриоти од кариера, политичари и расколници.

За да не се сетат Власите, тој во соопштението се буса дека немало да прифати да се даваат манастирите и дијаспората под туѓа јурисдикција.

Игра на наивноста и неинформираноста на луѓето, бидејќи на сите што, малку од малку, се во тек со случувањата во Црквата им е како ден јасно дека со томосите што ги дели од ракав Вартоломеј, не само некои манастири и дијаспората, туку и цела МПЦ, отсега само како ОА, ќе биде под капата на фанариотите и нема да може со прст да мрдне без дозвола од Истанбул.

Повеќе на следниов линк: