Издвојуваме поенти:
“Додека не се добие јасен став од архијереите на МПЦ дека нема да седат на две столици (истовремено да бараат апелација од Цариград, и преговори со СПЦ), започнувањето на преговори е невозможно.

Самото барање упатено до Вселенската патријаршија за апелација во врска со статусот на МПЦ, е бесмислено,… Вселенската патријаршија не е надлежна да решава меѓуцрковни спорови, за што единствено е надлежен Великиот црковен собор. А не знам колку на МПЦ би им одговарало нивното прашање да излезе пред Великиот црковен собор, бидејќи, ако претпоставиме на таквиот собор нивното прашање се реши на начин неприфатлив за МПЦ, тогаш тие уште многу децении би останале расколници.

Кога политичарите во Северна Македонија ќе сфатат дека црковните односи се независни од меѓудржавните, и кога ќе ја остават црквата сама да го решава својот голем проблем што го има со целото православие, ќе има и решение, но сѐ додека тие сакаат да имаат патронат врз МПЦ, до решавање на проблемот на МПЦ е невозможно да се дојде.”

Линк: