Расколникот Ивица Тодоров реагираше на подолуобјавеното интервју со Епископот Бачки Иринеј нарекувајќи го идолопоклоник.Потоа повикувајќи се на цитати од евангелието идолопоклонството на Епископот Бачки го објасни со его, суета, умисленост за нацијата, комплекси… и тоа го направи од позиција на Бог, како наброените состојби да важат за сите други, но не и за него.

Ех, Ивица, Ивица, нема ништо посмешно од тоа кога расколник како тебе се повикува на евангелието, па си тресе цитати од ракав, како што му одговара, прилагодувајќи го на расколот. А ти прв плукаш на евангелието и го газиш зашто го нарушуваш единството на црквата за кое Христос со крвави капки пот се моли и му вели на Отецот: “оние кои си ми ги дал, да бидат едно како ние” (Јован. 17.11).

Но вашата шизофренија е позната. Вие исповедате и дека верувате во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква, а за жал не сте дел од неа, не сте едно како ние.

Како луѓе, чувствуваме искрено сожалување за тебе и таквите како тебе идолопоклоници на самопрогласената автокефалија.