Зошто МПЦ не го коментира уставот на БПЦ?

Синодот на МПЦ одржал зедница за да го осуди текстот на новиот устав на СПЦ како националшовинистички и експанзионистички. Човек и да ги разбере доколку СПЦ имаа донесено таков устав. Но да се собира синодот на МПЦ за текст на устав кој е само интернет гласина, текст на устав за кој СПЦ се нема произнесено ниту го има усвоено, упатува на аматеризмот на МПЦ односно на тоа дека изолацијата во расколот очигледно веќе си го зема данокот.

Инаку зачудува и загриженоста на МПЦ за интернет уставот на СПЦ. Црковните устави се однесуваат на духовен простор а немаат врска со државни претензии. Тоа е исто како да ја обвините англиканската црква дека Англија има претензии ако каже дека во Македонија има англиканска црква, а таква има.

И што толку се загрижи расколничката МПЦ за интернет уставот на СПЦ кога МПЦ уште си опстојува на барањето Бугарската црква да биде нејзина мајка и на тој начин да ги побугарчи припадниците на МПЦ.

Зошто не го коментираат уставот на БПЦ во кој се вели дека Бугарската црква е единствена наследничка на Охридската архиепископија?