Со кој памет МПЦ бара од Соборното Православие да им признае автокефалност (самоуправа) за која и самите признаваат дека не им е црковна, туку политичка.

Некои потрезвени согледувања на луѓе од самата МПЦ, упатуваат на фактот дека МПЦ не е вистинска црква, бидејќи неа ја управува политичко тело, кое носи политички одлуки.

По одржаниот архијерески црковно-народен собор (АЦНС) викендов во Калишта, и донесените одлуки кои практично претставуваат враќање на МПЦ “два чекора назад” во раскол, бигорци излегоа со став во кој целосно го дискредитираат највисокиот управен орган на МПЦ, како доминантно политичко тело, кое носи политички диктирани одлуки.

Со други зборови, сами си кажуваат дека политичари им ги потврдуваат или укинуваат одлуките. Така се случи и со договорот од Ниш, епископи на МПЦ го потпишаа, политичари им го укинаа.

Ако го решат расколот, утре некој партиско-народен собир може да ја укине таа одлука и МПЦ повторно да ја врати во раскол, иако МПЦ би морала да ги почитува таквите одлуки ако се од Црковен Собор!

Повеќе: