Пред нешто повеќе од два месеци владиката Тимотеј изјави дека има чувство и увереност дека не станува збор за години, туку дека прашањето за автокефалноста на МПЦ ќе се реши за месец, два (погледнете го видеото).

Почекавме еден месец, а еве и два. Сега откако поминаа два месеци, ја гледаме целата неодговорност на портпаролот на МПЦ владиката Тимотеј кој од ракав си тресе датуми кога ќе била признаена МПЦ.

Секој макар и малку озбилен човек ќе си го постави прашањето дали треба да им верува на ваквите ноторни лаги на портпаролот, особено кога тоа е честа пракса во МПЦ без никогаш да понесе одговорност за испадите и манипулациите.