Македонското новинарство повторно се покажа незрело за црковни теми, објавувајќи ударна вест дека МПЦ ќе го добиела преку БПЦ благодатниот оган кој слегува на Гробот Господов.

Барем ако сакаа новинарите да бидат прецизни, можеа да напишат дека квази старецот Партениј од Бигорскиот манастир, со години го носи огнот од Грција. Но и инославен да отиде таму кај што го има, ќе му дадат да запали кандило од него. Всушност, тоа и не е некој посебен настан ако си во раскол. Која е целта, штафетно да донесеш благодатен оган кој ќе ја загуби благодатта поради гревот на расколот? Нема благодат без Благоподателот!

А велиме за незрелоста на новинарите, зошто во потрага по празен сензационализам, никој не се потруди да пренесе една суштинска вест, дека токму еден Македонски епископ и тоа токму Брегалничкиот, но, оној вистинскиот, канонскиот, сеправославно признатиот, Епископ Марко од ПОА, вчера служеше Божествена Литургија на Гробот Господов и се молеше заедно со Ерусалимскиот Патријарх Теофил и за Македонскиот народ. Нешто што е суштинско, конкретно, нешто за што МПЦ може само да сонува додека е во раскол.

Останува за крај да се запрашаме кој ќе му го плати хеликоптерот на лаже-брегалничкиот епископ Иларион? МПЦ, МВР или Државата од своја каса, или сето тоа всушност е едно исто?