Пандорината кутија на злото која ја отвори игуменот Партениј, за влез во Соборното Православие по заобиколен пат, ги дава своите резултати.

Од кутијата излегуваат главно луѓе без црковна свест, полни со суета, кои мечтаат, нечии имиња, иако незаслужено, што поскоро да бидат запишани во историјата, а притоа, без богословска подготвеност, каков што е поранешниот претседател на БАН, академик Стефан Воденичаров.

Тој самиот ќе каже дека не ги познава црковните правила, но сепак се дрзнува да држи проповед, како БПЦ треба да и го признае расколот на МПЦ-ОА, со што во теолошките кругови за себе дава слика за жал, на неписмен простак, кој во сржта е расколник.

Да имаше барем малку црковна свест, ќе видеше дека Охридската Архиепископија денес постои, како сеправославно призната автономна Архиепископија.

А едностраното признавање на расколничката МПЦ-овска Охридска Архиепископија од страна на БПЦ, кое тој го предлага, по автоматизам ќе ја одведе и самата БПЦ во раскол со целото православие, бидејќи за Соборното Православие, МПЦ-ОА како црква не постои.

МПЦ е расколничка организација. Па ако Воденичаров како машинец, не ја познава добро теологијата, сигурно ја знае добро математиката дека секој број помножен со нула, постанува нула.

Линк: