„Во врска со оваа проблематика ме прашувате кому му оди во прилог напнатоста, којашто ја предизвика огласувањето на Бугарската Патријаршија. Наведувам, еве, само некои кругови, на кои им оди во прилог: на расколничките движења ширум Православието, од Грција до Украина и од Австралија до Америка; на екстремните унијатски и ултра конзервативни средини во Римокатоличката Црква, на особено ригидните противници на курсот на папата Франциско, кои, сите на глас, злорадо тврдат дека примерот на Православните Цркви покажува дека нема единство на Црквата без папскиот апсолутизам; на мондијалистите и на „верските реформатори“, кои сонуваат и коваат планови за разбивање на историските религии, а најнапред на Христијанството, и за воспоставување на една синкретистичка „светска религија“; со еден збор на непријателите на Црквата и верата.“ -изјави меѓу останатото епископот Иринеј Бачки, во своето вчерашно интервју за белградски „Вечерње Новости“.Тој уште ќе забележи дека МПЦ ѝ нуди „трампа“ на БПЦ, која не само што е неверојатна, туку е и крајно нечесна! Практично, од БПЦ се бара безусловно и под огромен ризик по неа самата да ја признае МПЦ за црква-сестра (автокефална црква), а за возврат ѝ се нуди последователно да ја признаат за црква-мајка, односно една титула без никаква содржина (Titel ohne Mittel).

Целото интервју прочитајте го на следниов линк: