„Проблемите нема да се решат со политичките договори на двоецот Борисов – Заев, и со неуката акробатика на поедини архиереји, кои инаку искрено и длабоко ги жалам, бидејќи virus-от schismaticum ги фрлил во долга духовна болест.

Напротив, се плашам дека се оди кон нови поделби помеѓу верниците, не толку помеѓу оние од канонската Охридска Архиепископија, колку помеѓу оние, кои од незнаење или под влијание на пропаганда, припаѓаат на расколничките црковни структури.“

Меѓу останатото, изјави Епископот бачки Иринеј, во поопширното интервју дадено за божикното издание на весникот „Печат“: