На сајтот на ПОА потсетуваат дека во 2004 година по барање на МПЦ а со потпис на Агрон Буџаку тогашен министер за транспорт и врски им била срушена црквата посветена на Животоприемниот источник (Балаклија).

Храмот е срушен како колатерална жртва за непротивењето на МПЦ на референдумот за територијална поделба. Комунистите и османлиите не рушеа, а МПЦ – руши.

Навистина срамно е во ова време на почитување на религиозната разновидност да се руши еден православен храм. Во право е Архиепископот Јован кога вели дека за да дојде до некакво измирување ќе треба државата да го обнови храмот што го срушила. Така направила и Хрватска која ги обновила сите православни храмови што ги срушила во војната.

Многу луѓе од МПЦ не рекоа ни збор кога се рушеше црквата што на некој начин ги прави соучесници во рушењето. Сега е време да се покаже цивилизираност, да се поправи грешката и да се крене гласот за обнова на црквата за да не се случи она од евангелието – камењата на срушената црква да им тежат на потомците на рушителите.