Дали расколничката МПЦ и Заев (кој се договараше со “Порошенко” за МПЦ, бидејќи самата МПЦ е некадарна за разговор со било кого), значи дали МПЦ и Заев добро испитаа што сè носи “автокефалијата” на ПЦУ, па оттука дали сега се спремни секоја епархија на МПЦ да му плаќа годишен паричен надоместок на Цариградскиот Патријарх за евентуално дадената “автокефалија”, што ќе важи само за по Истанбул?

Дали МПЦ и Заев си го направија есапот дека покрај тоа што ќе треба му ги прибројат еМПеЦе-овските епрхии во дијаспората на Цариград, ќе треба значи и тамошните епископи на МПЦ да ги отпуштат за да станат епископи на Цариградската Патријаршија?

Имајќи ја предвид “автокефалијата” на Православната Црква на Украина, домашната расколничка јавност, за почеток треба да ги знае одговорите на овие прашања.