Дали МВР или Бардовци конечно ќе преземат дејствија против насилниците на расколникот Партениј? (види скриншот)

За расколничкиот гуруизам имаме пишувано многупати, поткрепувајќи го со примери.

Овој пат на МВР, на Бардовци и на целокупната јавност во низата факти и посочуваме уште еден непобитен факт дека расколникот Партениј, наместо да ги приведува луѓето кон Бога и наместо да ги учи на љубов дури и кон непријателите, тој ги врзува лабилните за себе и си прави од нив машини за убивање.

Е тоа го има само во расколот кај Партениј и за вакви ненормални појави не сме чуле на друго место.

Да си знаат сите таканаречени духовни чеда на Партениј, од првата до последната овца, дека сите до еден имаат удел во овие изливи на закани за убиство. Со кого сте такви сте.

Партениј нема ни излезено јавно да демантира и да се огради од ваквите машини за убиство кои ги произведува.

Замислете така насилнички да збореа апостолите, ако некој рече нешто против Христа, дека ќе го убијат. Тоа е незамисливо, тие попрво одбираа да бидат убиени. Но бигорскиот раскол не е христијанство туку очигледно секта на култ на личноста, култ каков што немале ни тоталитарните режими.

А МВР? Ваљда конечно ќе му помогне на Партениј како што би му помогнале на свој колега, да не остане запамтен како произведувач на машини за убивање.