Православната наука за црквата се темели на Соборноста, Соборите на архијереи се тие кои одлучуваат на сеправославно ниво и тука истанбулскиот патријарх е прв по чест во заедница со сите други православни патријарси и епископи. Кај римокатолиците за сѐ си одлучува само папата, таму нема демократичност.

Сведоци сме дека денес истанбулскиот патријарх се обидува да го протне римокатоличкото правило дека тој бил прв без останатите православни епископи и можел сам без да се советува со другите да си одлучува како сака.

Еден татко, ако е вистински татко, да му удри шлаканица детето, па ќе му биде криво, ако има доблест и ќе му се извини. Значи еден обичен човек може да има многу повеќе доблест отколку еден духовник.

Не го осудуваме истанбулскиот патријарх но се згрозуваме, кога после целиот раздор и хаос што ги предизвика во православието, без срам јавно дава изјави дека совеста му била мирна.

Е од тука се гледа дека не е вистински родител. Колку и да си мисли дека е во право, за да го смири раздорот ќе се извини за глупоста што ја направи со “автокефалијата” на т.н. црква на Украина која не му ја признаваат 11 од 14 локални цркви. Ама не вели едно извини.

Таа негова дрскост нема врска со Соборноста на православието, туку тоа смрди на источен папизам. Ако вака продолжи да дејствува против Соборноста на православието кој знае кај ќе му биде крајот на истанбулскиот патријарх.