Дедо Петре си ги тера работите на шашма. Заштитник на градот Битола е св. Нектариј Битолски, кој се празнува на 18 декември и чиишто мошти се наоѓаат на Света Гора. Дедо Петре за да го прослави овој светител, прави литија во негова чест на празникот на св. Јован Дамаскин, на 17 декември, и тоа со мошти на св. Агатангел. Трагикомично!

Тоа значи дека дедо Петре нема луѓе за денот кога му е празникот на св. Нектариј, па им прави театар на празникот кога се празнува друг светител, со мошти од трет светител.

Христијаните се повикани достојно да ги празнуваат светителите, а не верниците да се доведуваат во заблуда, да им се подметнуваат за поклонение мошти од друг светител, а да мислат дека му се поклонуваат на светиот Нектариј Битолски! Дали се свесни верниците од Битола дека дедо Петре ги манипулира?

Линк: