Светиот Синод на Вселенската Патријаршија ги осудува неправилните и нерегуларни контакти на Бугарската Црква со расколничката православна заедница во Р. Македонија (МПЦ). Синодот уште истакнува дека тие нерегуларни контакти и дејствија се веќе осудени и од другите православни цркви.

Исклучително негативно се оценува и посетата на двата бугарски митрополити – Николај Пловдивски и Кипријан Старозагорски, кои оствариле средби со претставници на таканаречената расколничка „македонска“ црква.

Според извори на Фактор.бг од бугарската заедница во Цариград, возможно е Вселенската Патријаршија да наложи потешки санкции, ако Синодот во Софија категорично не ги прекине контактите со схизматичката Македонска црква.

Според богослови, БПЦ во моментов е во опасност повторно да падне во раскол.