Авва Исаиј зборува: „Во нашиот ум има природна “омраза”, како онаа која го зафати Светиот Пророк Илија кога ги закла одвратните “пророци” (1.Цар. 15,33). Без “омраза” кон непријателите, не се разоткрива вредноста и достоинството на душата!”

Бидејќи, Соборно Православие честопати е обвинувано за ширење “омраза” кон членовите на расколничката МПЦ, а последна што тоа го стори е поетесата Виолета Сековска, но и многумина останати пред неа, сега ќе ги прашаме, дали си ја познаваат верата и дали знаат што всушност значат овие зборови и што точно направи Светиот Пророк Илија, кој го прославуваа вчера?

Накратко, ние ќе им појасниме: Светиот Пророк Илија, бидејќи беше голем поборник за зачувување на чистотата на верата, во време кога речиси целиот негов народ отстапи од вистинската вера, наспроти 450-те лаже-пророци, кои се молеа на Ваал, застана на жртвеникот сам, се помоли на Бога Израилев и беше услишан. Тогаш, падна од небото оган, го проголта жртвеникот, а Илија нареди да се фатат сите лаже-пророци, ги одведе при потокот Кисон и таму ги искла.
Да, тој уби 450 лажни учители на верата. Ете, тоа е праведниот закон за природната “омраза”, за кој пишува Авва Исаиј, закон, кој е врежан во верните луѓе од секогаш до денес.

Нормално, денес времињата се други, Христос се Воплоти, Страдаше и Воскресна, го живееме Новиот Завет, та оттука, бездруго и луѓето се цивилизирани (додуша, МПЦ затвараше, доведуваше во животна опасност и уште влече по световни судови); но јасно е дека после Христа за мноштвото цивилизирани и еманципирани луѓе “омразата” не се манифестира преку смрт за лажливците во верата (какви што се еретиците и расколниците), но никој не може да забрани тие да бидат барем вербално разоткриени и разобличени.

Едно е сигурно, да чекореше денес по земјава Светиот Пророк Илија, кој Виолета Сековска и останатите торжествено и расколнички го славеа вчера, ќе требаа да се запрашаат, што ли ќе останеше од лаже-духовниците на МПЦ, кои проповедаат лажна вера и го заблудуваат целиот народ, држејќи го долги децении во раскол, надвор од спасителното Соборно Православие?!