Договорот на Р. Македонија со Р. Грција иако сè уште не почнал да се применува, наидува на критики и дебата дури и на Света Гора.

Малку зачудува зошто Светогорците се впуштиле во коментирање на политички договори, но знаејќи за нивното прочуено вистинољубие, веројатно тие не сакаат да останат неми по прашањето на самите корени на македонскиот идентитет, кој според светската историографија несомнено првенствено е хеленски, а не словенски.

Светогорските монаси се во право дека Преспанскиот договор е недоречен во однос на словенскиот карактер на македонскиот национален идентитет на мнозинството граѓани на Р. Македонија, не толку заради договорот, туку пред сè заради менталното здравје на посоченото мнозинство. Впрочем, покрај Светогорците, истото тоа децидно го истакнува и самиот министер Димитров, кој повикува на расчистување со антиквизацијата од страна на словенскиот елемент, со цел да остане нормален.

Веројатно подобро ќе беше уште појасно и понедвосмислено да се расчисти со антиквизацијата. Изгледа така и на дел од Светогорците ќе им се помогнеше да не се впуштаат во искушенија да коментираат политички договори, туку своите ставови да ги зачуваат за расколниците од МПЦ, кога овие им нарачуваат икони, ги канат на литии и на кафе пауза наместо на Литургија.

Меѓутоа, политиката е опортуна вештина на можното и никогаш не инсистира на вистината, туку се стреми кон компромиси.

Што се однесува до Соборното Православие, како и секогаш од петни жили ќе се настојува да се држиме само за соборноста на Црквата и на сè да гледаме, не со диоптерот на “националните интереси”, туку низ призмата на Евангелието, со очите на Исуса Христа, во кого нема ни Јудеец, ни Елин.

Линк: