После средбата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Бугарскиот Патријарх Неофит што се одржа во Истанбул на 7 јануари, сите македонски медиуми молчат, а претходно помпезно најавуваа дека таму главна тема за разговор ќе биде прашањето на непризнатата МПЦ.

Само некои медиуми од соседството пренесоа дека Бугарскиот Патријарх рекол нешто за МПЦ и тоа во траење од една минута, на што Вселенскиот Патријарх кратко одговорил дека тоа прашање “треба да напредува, само во каноничност и единство”.

Што би значело тоа? Многу едноставно, каноничност значи да се почитува канонската јурисдикција на СПЦ односно на автономната ПОА, а единство значи БПЦ да си внимава со своите постапки повторно да не падне во раскол.
БПЦ затоа молчи, бидејќи работата не и’ е ич во прилог.