“Воскресението” како главен бизнис на расколничката МПЦ. Дали МПЦ ќе се солидаризира со нејзините верници и нема да им наплаќа во следните 6 месеци? (види линк)

Антологиско признание на дедо Тимотеј дека половина од сите приходи МПЦ ги остварува од Велигден. Тоа е потврда дека 99% од нивната “паства” само тогаш, во текот на годината, им доаѓаат во храмовите.

Доколку некоја организација: економска, политичка, спортска, религиска… од 365 дена само во 3-4 дена е 99 проценти ефикасна, успешна, “литургиска”, значи дека опстојува со нереални, напумпани извештаји, како во поглед на своите успеси на црковен план, така и во поглед со домаќинското управување, бидејќи е всушност во тежок банкрот.

Кај нив речиси и да нема литургиска култура, а верата им е во состојба на бледа реминисценција од култ кон одредени форми и имиња на празници како: Велигден, Бадник, Водици..; коишто расколничката МПЦ ги препродава без да се труди да им даде подлабока смисла, исто како што прават ситните трговци со брендираната стока.

После оваа драматична изјава на дедо Тимотеј, се поставува прашањето: дали МПЦ, како и другите компании, ќе биде опфатена со економските мерки на Владата за финансиска помош? Можеби во вид на неповратни средства за покривање на нејзините трошоци?

Од друга страна, бидејќи Владата апелира до сите општествени субјекти, во овие кризни времиња да покажат солидарност, дали и МПЦ ќе покаже солидарност кон своите верници, па на пример, во следните 6 месеци воопшто нема да наплаќа такса за било која своја „треба“?

Повеќе на: