Дека МПЦ немаат поим што е Црква сведочи тоа што нивните ставови неодоливо потсетуваат на жалопојките на Филарет Денисенко, кога плаче дека Томосот од г. Вартоломеј не донел ништо друго, освен укинување на Киевската Патријаршија.

Воедно, Филарет потсетува дека ниту една Православна Црква ги нема признаено: ниту Томосот, ниту “Православната црква на Украина”.

Според зборовите на Филарет, Томосот ја направил нивната црква (т.н. Киевски патријархат), зависна од Грците, и уште истакнува дека некогаш биле независна, слободна и непризната црква, а дека сега се и зависни и непризнати!

Патријархот Вартоломеј, пак, никогаш нема да биде прифатен како источен папа! Замислете сега му текнало да дава Томос за Украинските расколници, утре за расколничката МПЦ, задутре за некоја трета “црква”… и, што, на тоа другите цркви треба само послушно да климаат со главите!!! Таа песна Патријархот Вартоломеј нема да ја слуша!

А, сега синодот на расколничката МПЦ заедно со премиерот и припадник на расколот Зоран Заев како потписник на писмото до г. Вартоломеј, да дадат отчет на јавноста дали се согласни со условите кои ги “добија” украинските расколници, и ако не се, да кажат пред јавноста и нивната расколничка паства што барале, бидејќи власта го штити монополот на МПЦ, а другите се онеправдани од таквата уиграност на Владата и МПЦ!

(види и линк):